Во Собранието седница за опозициски прашања, во фокус реформите во образованието
Во Собранието седница за пратенички паршања од опозицијата. Во фокус законските измени во основното и средното образование...

Законските измени во основното и средното образование не претставуваат вистинска реформа со наставни програми, туку отвораат прашања поврзани со централизација на надлежностите, дополнително финансиско оптоварување на општините и иднината на малите и рурални училишта. Особено спорна е најавената оптимизација на наставниот кадар – коментираше пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски. Правите ретрограден процес и нова централизација – рече тој.
Од министерката Весна Јаневска доби одговор дека најважни се учениците, а не заштедата и профитот. Целта е децата да имаат компетивност и социјализација, а не како некаде три ученика од различна возраст да се во исто одделение.
17.000 ученици ја напуштиле државата, а 124 училишта се затворени за неколку години посочи министерката
На дневен ред во Собранието е и Законот за соодветна и правична застапеност. Албанскиот опозициски блок бараше оваа точка да се тргне од дневен ред. Мнозинството не даде зелено светло.
На седницата опозицијата праша, кој е планот за откочување на процесите во евроинтеграцијата, констатираа дека вака како што е, се губи времето на идните генерации.
Миле А. Ристески
