Политика

Власта и опозицијата со различни коментари за пресудата за „Талир 2“

15.07.2026 17:11

Пресудата за замрзнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ е праведна, ослободителната за експремиерот Груевски е поради измените на Кривичниот законик што ги направија СДСМ и ДУИ. Ова е ставот на шефот на владата, Христијан Мицкоски за првостепената судска одлука за случајот „Талир 2“. Според него, правдата е задоволена. Опозицијата гневна – од СДСМ велат, Груевски е на слобода поради судството што е контролирано од власта.

По првостепената ослободителна пресуда за „Талир 2“, власта и опозицијата излегоа со различни коментари. Премиерот Мицкоски оцени дека со одлуката за замрзнатиот имот на партиското седиште, правдата е конечно задоволена и повтори дека ВМРО – ДПМНЕ во минатото била жртва на политички прогон. Според него, случаите „Талир 1“ и „Талир 2“ биле политички контурирани. Мицкоски за ослободителната пресуда за Груевски, прстот го впери кон поранешните власти.

Според СДСМ, ослободителната пресуда во случајот „Талир“ е доказ дека судството и обвинителството се под контрола на власта. Партијата го обвини Мицкоски дека намерно не бара екстрадиција за Груевски.

Предметот 6 години се движеше низ судските лавиринти. Дали случајот ќе добие правосилна пресуда ќе зависи од апелацискиот суд, кој треба да одлучи во рок од 1 месец, бидејќи во август настапува застарување.

 

Ана Јосифоска