Македонија

Стевчо Јакимовски се пријави во затвор на отслужување на казната

15.07.2026 16:45

Ова следуваше откако Апелација ја потврди неговата казна за бесправната изградба на објектот, каде што беше сместена општинската администрација...

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски доброволно заминал на отслужување на преостанатиот дел од затворската казна од 6,5 месеци, информираше неговата партија ГРОМ. Ова следуваше откако Апелација ја потврди неговата казна за бесправната изградба на објектот, каде што беше сместена општинската администрација.

Тој беше осуден на една година, но дел од ова време го помина во куќен притвор. Од ГРОМ и натаму сметаат дека Јакимовски не сторил ништо лошо и оти станува збор за политички прогон.