Временска прогноза
Сончево и топло со мала до умерена облачност
16.07.2026 08:10
Попладне ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени...

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне 37 степени.
