Економија

Седница на Економско – социјалниот совет

16.07.2026 08:40

Напладне ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет, по што владината кошничка, и официјално треба да почне да се применува од септември. Според надлежните, таа не е пандан на синдикалната, која содржи и луксузни производи...

Денеска ќе се одржи седница на Економско – социјалниот совет, по што владината кошничка и официјално треба да почне да се применува како одговор на синдикалната, за која надлежните оценија дека содржи и луксузни производи. Од оваа кошничка ќе се црпат податоци за спроведување на политиките за заштита на животниот стандард на граѓаните.

Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена и ќе се најде на маса пред Економско-социјалниот совет. Се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Ова го изјави заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, по работниот состанок во Стопанската комора.

Економско-социјалниот совет го сочинуваат 12 членови, по четири од Владата, од репрезентативниот синдикат и од репрезентативното здружение на работодавачи на национално ниво.