Пет собраниски комисии денеска во Собрание
Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе расправа за предложените измени на Законот за енергетика, додека Комисијата за образование, наука и спорт ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард.

Во Собранието денеска ќе заседаваат пет собраниски комисии, кои ќе разгледуваат повеќе законски измени од областа на енергетиката, образованието, осигурувањето и транспортот.
Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе расправа за предложените измени на Законот за енергетика, додека Комисијата за образование, наука и спорт ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард.
Пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе се најдат измените на Законот за супервизија на осигурување, а Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе дискутира за измените на Законот за автокампови.
Во меѓувреме, Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа сите четири законски предлози, кои се доставени по скратена постапка, пред тие да продолжат во натамошната собраниска процедура.
