Бомбардирани нафтените полиња под контрола на ИДИЛ

25.09.2014 16:56

Во Сирија горат нафтените полиња – рафинериите беа цел на ноќешните воздушни напади на анти-ИДИЛ коалицијата. Целта е да се запре финансирањето на самопрогласениот калифат во кого само од шверц на нафта во Иран и во Турција се влеваа по 2 милиони долари дневно. САД и Саудиска Арабија ги објавија снимките од своите бомбардери – нападите биле прецизни и успешни. Убиени се 14 џихадисти, но невладините јавуваат и за 5 загинати цивили. Курдите на северот во текот на ноќта го запреле напредувањето на ИДИЛ кон Кобане, близу до границата со Турција.

„Дојди и бомбардирај ги, Обама, и да те благослови Алах“, вели Кали Гази, жител на Кобане.

„Сакам Американците да ги победат ИДИЛ, да ги избркаат за да се вратиме дома“, вели Лејла Расул, жителка на Кобане.

Британскиот премиер Камерон најави дека неговата земја е подготвена да ја одигра својата улога во борбата против ИДИЛ. Данска се приклучи со борбени авиони Ф-16, а Франција изведе втора серија воздушни напади врз цели во Ирак, а проценува дали ќе ги прошири во Сирија, соопшти министерот за одбрана Ле Дриан.

„Воздушните напади се незаменливи, но борбата мора да ја предводат сирискиот и ирачкиот народ“, рече Франсоа Оланд, претседател на Франција.

Шефот на дипломатијата на Русија во вчерашното обраќање побара од земјите од широката коалиција да не применуваат двојни стандарди.

„Русија постојано бараше меѓународно справување со целиот тероризам, без поделба на терористите на „добри“ и на „лоши““, изјави  Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Воздушните напади на коалицијата против џихадистите се насочени на северниот и североисточниот дел во Сирија. Во околината на главниот град Дамаск, сириската војска целосно ја презеде контролата врз бунтовничката област Адра ал Омалија. Во меѓувреме, Турција се справува со бран од над 140 илјади бегалци и обратен проток преку границата, Курди што заминуваат да се борат со Пешмергата.

Ивана Салтировска