„Држи се за мене“ во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото“
Синоќа во Дојран беа прогласени победниците и со доделување на големата награда за најдобар филм на медитеранот, најдобриот режисер на медитеранот, најдобра актерка и најдобар актер на медитеранот, најдобар композитор на оригинална филмска музика на медитеранот, наградата за најдобар кинематографер, и наградата за најдобар краткометражен филм на медитеранот беше затворено петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“.

Синоќа во Дојран беа прогласени победниците и со доделување на големата награда за најдобар филм на медитеранот, најдобриот режисер на медитеранот, најдобра актерка и најдобар актер на медитеранот, најдобар композитор на оригинална филмска музика на медитеранот, наградата за најдобар кинематографер, и наградата за најдобар краткометражен филм на медитеранот беше затворено петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“.
За наградите одлучуваше жири во состав Емили Ришел, Елеонора Венинова, и претседателот на жирито, господинот Мирослав Митиќ.
Наградата за најдобар филм ја доби кипарскиот „Држи се за мене“ во режија на Мирсини Аристиду, кој беше прикажан на отворањето на фестивалот. Режисерката се обрати со видеопорака во која се заблагодари на наградата.
За најдобра кинематографија на медитерански филм меѓународното жири наградата му ја додели на Душан Кардалевски за филмот „Кома“.
Кардалевски ја прими наградата и посочи дека таа и припаѓа на целата екипа и се заблагодари на Агенцијата за филм, на Фестивалот „Преку езерото“ и на сите чинители кои придонеле за снимањето на филмот.
Наградата за најдобра медитеранска филмска музика му беше доделена на Ѓорѓе Миљеновиќ, познат и како Скај Виклер за музиката во филмот „Кармадона“.
Миљенковиќ се обрати со видеопорака во која се заблагодари за наградата и истакна дека му е особено драго што награда за музика доби во Македонија.
Наградата за најдобар медитерански краток филм ја доби „Антигона“, кој со извонредна уметничка зрелост, претвора една безвременска класична тема во современо филмско искуство. Преку прецизно раскажување, сигурна режија и емоционална јасност, тој ја демонстрира уникатната моќ на форматот на краткиот филм да истражува длабоки човечки прашања, спојувајќи ја едноставноста со длабочината. Жирито ја препознава „Антигона“ како извонреден пример за филмско раскажување, кој се одликува со уметничка визија, емоционална резонанца и трајно влијание.
Наградата за најдобра медитеранска филмска актерка и припадна на Пламена Гетова.
Јаник Рение е награден за изведба што се одликува со извонредна сложеност и уметничка интелигенција. Рение посочи дека е многу среќен за наградата и што е на фестивалот „Преку езерото“ кој му овозможи да допатува за прв пат во Македонија.
Наградата за најдобар режисер им припадна на Александар Радивојевиќ за „Кармадона“ и на Бруно Форцањи и Хелен Катет за „Одраз во мртов дијамант“.
Honorable mention од Советот нафестивалот му беше доделена на иранскиот филм „Коцкарот“ за исклучително креативно достигнување вонредни продукциски околности, издржливост и посветеност на филмското совршенство, остварени во особено тешки продукциски услови за време на војната, додека Special mention членовите на жирито му доделија на краткиот филм „Чекајќи го возот“ (Словенија) – режија: Армин Чулик, поради неговата извонредна уметничка сензибилност, суптилното раскажување и склучителната емоционална автентичност.
Меѓународното жири ѝ додели Honorable mantion на Марија Петрова, за нејзината изведба во која внесува извонредна емоционална искреност, природност и автентичност во филмот, создавајќи лик чие присуство ја збогатува секоја сцена и го зајакнува емоционалното срце на приказната.
Менторот на работилницата за развој на дипломски и дебитантски краток филм, Дејан Милошевски и директорот на фестивалот на медитерански и балкански филм Јани Бојаџи, го соопштија овогодишниот добитник на грант за развој и продукција на дебитантски краток филм. Станува збор за филмот на Горан Трифуновски, чие сценарио ќе добие можност да се снима.
Следуваше проекција на краток филм произлезен од работилницата за дипломски или дебитантски краток филм „Нови Бранови“, премиерата на „Аналогни души“ во режија на Марија Грчева синоќа публиката во Амфитеатарот во Дојран ја поздрави со голем аплауз, по што следуваше проекцијата на филмот „Кармадона“ на Александар Радивојевиќ.
