Нови руски напади врз украински градови
Градоначалникот Кличко на „Телеграм“ објави дека било погодено магацинско складиште во западниот дел на градот, а остатоци од соборени дронови паднале на спротивниот брег на реката Дњепар, каде избувнал пожар.

Киев повторно цел на масовен руски напад со балистички ракети. Градоначалникот Кличко на „Телеграм“ објави дека било погодено магацинско складиште во западниот дел на градот, а остатоци од соборени дронови паднале на спротивниот брег на реката Дњепар, каде избувнал пожар.
Со руски дронови бил нападнат и Харков.
Градоначалникот Терехов соопшти дека удари биле регистрирани во најмалку три градски населби. Воздушната тревога активирана и во Одеса. Михајло Федоров нема да остане министер за одбрана по реконструкцијата на украинската влада, што ја спроведува претседателот Зеленски.
