АХВ
АХВ: Потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози
16.07.2026 11:42
Во земјава се потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, информираат од Aгенцијата за храна и ветеринарство.

Oд почетокот на овој месец во земјава се потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, информираат од Aгенцијата за храна и ветеринарство.
Болеста е потврдена во одгледувалишта во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово.
Од АХВ, посочуваат дека болеста не е опасна за луѓето.
