МВР
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
16.07.2026 20:22
Вчера во 22:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Љ.Ѓ.(48) од Струмица...

Вчера во 22:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Љ.Ѓ.(48) од Струмица, соопштија од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со кокаин, хероин и марихуана, 400 семки канабис, шприц исполнет со течност, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и други предмети.
Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против Љ.Ѓ. ќе биде поднесена кривична пријава.
