Канада

Шумски пожари беснеат низ Канада, густ чад го обои небото во портокалово над Торонто

16.07.2026 20:57

Густ чад го обои небото во портокалова боја над Торонто и делови од САД. Властите со повик да се намалат активностите на отворено, откако квалитетот на воздухот достигна нездраво ниво.

Стотици шумски пожари беснеат низ Канада, а густиот чад го обои небото во портокалова боја над Торонто и делови од САД. Властите со повик да се намалат активностите на отворено, откако квалитетот на воздухот достигна нездраво ниво.

На социјалните мрежи се појави видео од канадски воз опкружен со пламен во близина на Армстронг. Вработените на компанијата и жители биле евакуирани. Привремено е прекинат железничкиот сообраќај во близина на Армстронг, на повеќе од 500 километри северно од Торонто, како превентивна мерка поради пожарите.

„Ова е како земјата да пуши цигара, а ние дишеме пасивен чад од неа. Тие честички ќе содржат цела мешавина од различни хемикалии и соединенија што може да влијаат на здравјето“, изјави Хауард Шапиро, директор и помошник медицински службеник за здравство на Канада.