Шпанија
Шумски пожари пустошат низ Шпанија
16.07.2026 19:30
Жителите на четири општини во шпанската покраина Сарагоса беа евакуирани откако избувна шумски пожар во близина на Орес, соопштија локалните власти...

Шумски пожари пустошат и низ Шпанија која доживува се подолги и чести топлотни бранови во последните години, со температури над 40 степени.
Жителите на четири општини во шпанската покраина Сарагоса беа евакуирани откако избувна шумски пожар во близина на Орес, соопштија локалните власти.
Околу 500 луѓе морале да ги напуштат своите домови. Владата на Арагон, исто така соопшти дека пожарот има висок потенцијал за ширење поради многу променливите ветрови.
