Превозници

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси

16.07.2026 16:30

Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз, информираше министерот за транспорт...

Вкупно четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз, информираше министерот за транспорт. Деталите ќе бидат познати в понеделник. Надлежните очекуваат овојпат, повикот да биде успешен.

Сега понудите ги разгледува евалуациска комисија, составена од експерти од Министерството и од Машинскиот факултет. Претходниот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, на кој како најповолни понудувачи беа избрани унгарски „Електробус-Икарус“ и австриски „ЕВН“ беше поништена по поднесена жалба, а пред една година пропадна и првиот тендер, бидејќи единствениот пријавен понудувач не ги исполни условите.

100 автобуси се предвидени за Скопје, а останатите 50 за други градови.