Политика

Рокот истече, обвинувањата продолжуваат

16.07.2026 14:20

Власта и опозицијата продолжи со меѓусебни обвинувања кој го кочи европскиот пат на Македонија. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и „Левица“ играат заткулисни игри за Изборниот законик ...

Рокот истече, власта и опозицијата продолжи со меѓусебни обвинувања кој го кочи европскиот пат на Македонија. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и „Левица“ играат заткулисни игри за Изборниот законик – од партијата велат дека фактот што не се донесе законикот е доказ дека опозицијата не е за реформи, туку за опструкции.

Според СДСМ – токму власта е таа што ги блокира реформите и европскиот пат. „заради политиката на изолација на државата, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра, а граѓаните се лишуваат од огромни европски фондови и инвестиции кои би ја подобриле економијата и животниот стандард“, критикуваат опозиционерите.

„Левица“, пак, препозна договор меѓу најголемите партии да продолжи спроведувањето на системот преку кој тие ќе си поделат околу 10 милиони евра.