ЦУК
Борбата со огнените стихии продолжува
16.07.2026 12:24
Според податоците на Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие се регистрирани 9 пожари на отворен простор. Осум се изгаснати, еден е под контрола.

Продолжува борбата со огнените стихии. Според податоците на Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие се регистрирани 9 пожари на отворен простор. Осум се изгаснати, еден е под контрола.
Станува збор за пожарот кај село Бајково во Ново Село што им се закануваше на црквата и на викендиците, што вчера попладне повторно се разгоре, па одново се интервенираше од воздух со авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.
Другите осум пожари регистрирани во осум различни општини.
