џез

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Јавниот сервис и Националниот џез – оркестар

16.07.2026 16:54

Директни телевизиски и радио преноси, снимање концертни продукции, документарни и едукативни емисии, промоција на домашни и меѓународни џез-уметници, афирмација на домашната сцена, доближување на џезот до младите генерации – ова треба да биде овозможено со Меморандумот за соработка што го потпиша Јавниот сервис и Националниот џез – оркестар.

Нежно пијано, експресивен саксофон, моќни труби, ритамот на тапаните. Џезот одамна е дел од светската музичка сцена, но и од македонската културна приказна. Оркестарот работи во полна пареа. Се подготвува и за настапи дома, но и за и надвор од границите на земјава.

Џез изведувачи има, но просторот за нивната музика често е ограничен. За нив секоја нова сцена значи нова публика. Целата е нивните активности да ги видат и младите генерации, па од човек на човек преку нивните импресии да се зајакне и домашната и меѓународната афирмација на македонската џез-сцена.

Директни телевизиски и радиопреноси, снимање концертни продукции, документарни и едукативни емисии, промоција на домашни и меѓународни џез-уметници, се само дел од идната соработка меѓу џез-оркестарот и Македонската радио-телевизија.

„Ова не е само меморандум туку инвестиција во македонската музичка култура“, вели првиот човек на џезерите, Гоце Стевковски.

Националниот џез-оркестар од септември се очекува да добие и нови простории за да можат целосно да се посветат на творештвото, затоа што велат – џезот нема однапред напишан крај, секоја изведба е приказна што продолжува.

 

Ана Јосифоска