Македонија сама преговара за изнаоѓање решение за професионалните возачи
Се ближи 10-ти август кога истекува рокот од 90 дена за престој во странство на дел од транспортерите според електронското евидентирање. Транспортерите бараат издавање долгорочни визи за престој по примерот на Хрватска. Надлежните велат дека разговорите се водат билатерално...

Се ближи 10-ти август кога истекува рокот од 90 дена за престој во странство на дел од транспортерите според електронското евидентирање.
Транспортерите бараат издавање долгорочни визи за престој по примерот на Хрватска. Очекуваат таков договор да се постигне и со Австрија, Германија и Романија со оглед на тоа што Германија е наш најголем трговски партнер и најголем дел од транспортот е насочен кон оваа земја. Транспортерите бараат да бидат третирани како вршители на дејност, а не како сите граѓани, поради што и онака е дефицитарна професија.
Надлежните велат дека разговорите се водат билатерално. Долгорочните визи веќе почнале да се издаваат. Веќе се договориле со Хрватска, Швајцарија, Романија, а во финална фаза се договорите со Австрија и Германија.
Очекувањата се дека со електронското евидентирање ќе се забрза транспортот, ќе се зголеми транспарентноста во транспортниот сектор и пред сè ќе се намалат административните бариери.
Александра Велинова
