Голем број ученици ја започнаа школската година во нови и современи училишта

25.09.2014 17:11

Капиталните инвестиции вредни 2,2 милијарди денари ја менуваат сликата за македонското образование. Само летово Владата реконстуираше 33 основни и средни училишта низ целата земја. Се изградија 3 нови училишта во Шуто Оризари, Могила и во Боговиње...

Минато се старите училници со валкани подови и скршени прозорци. Голем број ученици во новата школска година седнаа во нови клупи, а учат во современи и нови училишта. На нив најмногу им се радуваат првачињата.

„Многу е убаво, многу си играм со другарчињата“, вели едно прваче.

„Сега е посовремено, поубаво, поубави услови имаат“, велат граѓаните.

Капиталните инвестиции вредни 2,2 милијарди денари ја менуваат сликата за македонското образование. Само летово Владата реконстуираше 33 основни и средни училишта низ целата земја. Се  изградија 3 нови училишта во Шуто Оризари, Могила и во Боговиње и 6 монтажни училишта во руралните средини во Битола, Прилеп, Крушево и Боговиње. Просветните работници велат дека со новите просторни услови, можат повеќе да им се посветат на децата .

„Да се работи во една нова институција или училиште е од големо значење. Условите не се исти, да се работи во училиште кое опстојува 20, 30 или изградено пред 50 години“, вели еден просветен работник.

Деновиве се очекува комплетно да заврши модернизацијата на училиштата, а министерството само во летните месеци инвестираше преку 500 милиони денари во подобрување на инфраструктурата. Досега се реконструирани и санирани околу 200 основни и 79 средни училишта.

Со вложувањето во инфраструктурата, подобри услови за настава добија околу 140.000 ученици. Од 2006-тата па досега ресорното министерство изгради 45 основни и 5 средни училишта.

Викторија Тодоровска