Македонија се справува со сипаници кај овците и козите, не се пренесува на луѓето
Македонија првпат годинава се соочува со заразното заболување сипаници кај овците и козите. Месецов има нови 10 жаришта во земјава на болеста, а од јануари кога за првпат е констатирана во Македонија, се вкупно 17 жаришта, главно во пограничните региони. Надлежните се справуваат со ова заразно заболување кое уверуваат не се пренесува на луѓето. Ветеринарите нагласуваат дека е многу битна превентивата, особено кај сточарите. Сточниот фонд е во опасност…

Десет нови жаришта на сипаници кај овците и козите се констатирани овој месец во земјава со што од почетокот на годинава во Македонија има 17 жаришта со заразени 2.700 животни. Болеста е тропска и е на А листата во Европа. Надлежните од Агенцијата за храна и ветеринарство веќе усмртиле 1.400 животни што е единствен начин на справување со болеста.
Главно е пренесена преку илегален увоз на животните, а индиректно помага и човекот. Земјава се справува според европските стандарди, но превентивата кај сточарите е пресудна.
Превентивата е пресудна за зачувување на сточниот фонд кој веќе е драстично намален во земјава. Во спротивно, ваквите болести ќе донесат огромни загуби.
Елизабета Митреска
