Царинска управа

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати

16.07.2026 17:45

2.000 вијали спакувани во папки и кеси, во рефусна состојба и без оригинално пакување, косовски државјанин се обидел да ги прошверцува во земјава. На Деве Баир, камионот бил пресретнат од мобилен царински тим, кога е откриен нелегалниот транспорт на медицинскиот раствор. Според документацијата, камионот вршел транспорт на алуминиумски профили...

2.000 вијали спакувани во папки и кеси, во рефусна состојба и без оригинално пакување, косовски државјанин се обидел да ги прошверцува во земјава.

„Гадонанс“ што се користи при снимање на магнетна резонанца бил пронајден во горниот кревет, просторот над возачкото седиште, во личниот багаж и креветите во камионот што се движел на релацијата Турција – Косово. На Деве Баир, камионот бил пресретнат од мобилен царински тим, кога е откриен нелегалниот транспорт на медицинскиот раствор. Камионот, според документацијата вршел транспорт на алуминиумски профили.

„Вијалите се запленети, а против сторителот од страна на Одделението на истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик“, стои во соопштението на Царинската управа.

Вијалите „Гадонанс“ се инјектираат венски при снимање на магнетна резонанца, се даваат на сите пациенти без оглед на возраста, а дозата се определува според пациентот.

Користење на медицински производи кои се несоодветно транспортирани и чувани, оставаат последици врз здравјето на пациентите, предупредуваат лекарите.

Дијагностичките испитувања да се прават во регистрирани здравствени установи, каде што секој медикамент или медицински производ е со гарантиран квалитет и проверливо потекло.

Лекови, ботокс, вијали, обидите за криумчарење не запираат. Според евиденцијата на Царинската управа, годинава се спречени 13 обиди и запленети се 29 илјади парчиња лекови и медицински препарати.

Наташа Јанчиќ – Менковски