Работниците бараат повисоки плати, власта уверува дека ја држи инфлацијата под контрола
Синдикатите бараат повисоки плати и повисок стандард, компаниите сакаат работници, власта се залага за поврзување на образованието со стопанството. Одржана седница на Економско-социјалниот совет.

Намалената инфлација во јуни за 0,5% е јасен показател дека Министерството за економија во соработка со инспекцијата ги чешла маркетите и трговците кои правеле злоупотреби. Претставниците на маркетите, кај кои е утврдено зголемување на маржите во понеделник ќе бидат повикани на состанок за да им даде до знаење дека однесувањето било недозволиво.
Анализата која опфаќа 600-700 производи е во финална фаза, вели министерот за економија. Синдикатите се пожалија дека работодавачите не се расположени за дијалог за раст на платите.
Од бизнис-секторот пак, се надеваат на конструктивност.
Владината просечна потрошувачка кошница е веќе изработена, но се усогласуваат податоците со Државната статистика. Откако сè ќе помине, ќе почне да се применува.
Просечната кошница, како што кажа министерот, не беше ставена на дневен ред на ЕСС, вели, за неа, ќе се разговара на следниот состанок.
Од Владата велат дека институциите се во постојана комуникација со маркетите, трговците, доставувачите, производителите и увозниците, а анализата ќе ги следи цените низ целиот синџир, од производителот до крајниот трговец.
Борис Грујоски
