Убиство во Автокоманда
30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на лекарот во Автокоманда
16.07.2026 18:00
Според Обвинителството, 65-годишниот сопруг деветпати го прободел лекарот со нож, а неговата сопруга се обидела да ги избрише трагите...

30-дневен притвор за сопружниците, осомничени за убиството на лекарот Ацо Трповски што пред две години се случи во Автокоманда. Судот го прифати предлогот на обвинителството поради опасност од бегство и влијание врз сведоци. Според Обвинителството, 65-годишниот сопруг деветпати го прободел лекарот со нож, а неговата сопруга се обидела да ги избрише трагите.
Мажот е обвинет за убиство, жената за помагање. Мотивите сè уште се истражуваат.
