Временска прогноза
Сончево и топло со мала до умерена облачност
17.07.2026 08:04
Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура е во интервал од 12 до 21 степен, а максималната се очекува да достигне од 31 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
