Битола

Пороен дожд поплави улици во Битола, екипите на терен

17.07.2026 08:41

Климатските промени го земаат својот данок, а последиците се чувствуваат глобално. Едночасовниот пороен дожд што вчеравечер ја зафати Битола предизвика поплавување на куќи, дворови и помошни простории на повеќе локации низ градот, соопшти регионалниот Центар за управување со кризи...

Климатските промени го земаат својот данок, а последиците се чувствуваат глобално. Едночасовниот пороен дожд што вчеравечер ја зафати Битола предизвика поплавување на куќи, дворови и помошни простории на повеќе локации низ градот, соопшти регионалниот Центар за управување со кризи. На терен веднаш интервенирале екипи на јавното претпријатие „Нискоградба“, во координација со останатите јавни претпријатија и Територијалната противпожарна единица – Битола.

До доцна во ноќта се работело расчистување на одводните шахти и испумпување на водата од поплавените куќи и дворови. Во моментов според информациите состојбата е стабилизирана, а водата постепено се повлекува во одводните канали.