Пожарите во Северна Америка предизвикаа предупредувања за воздухот
Густ чад го замагли небото од Детроит и Торонто до Њујорк и низ цела нова Англија, предизвикувајќи „опасни“ предупредувања за квалитетот на воздухот низ поголемиот дел од регионот...

Повеќе од 800 пожари горат низ Канада, а предупредувањата за квалитетот на воздухот сега се прошируваат и во повеќе американски држави. Густ чад го замагли небото од Детроит и Торонто до Њујорк и низ цела нова Англија, предизвикувајќи „опасни“ предупредувања за квалитетот на воздухот низ поголемиот дел од регионот.
„Некои од популациите кои се најмногу изложени на ризик ќе бидат деца под петгодишна возраст. Тие имаат повисока респираторна стапка, што значи дека вдишуваат повеќе пати во минута. Особено сме загрижени и за секој над 65 години. Многу од овие лица имаат тенденција да имаат и други здравствени проблеми, но исто така и нивниот срцев систем, нивниот кардиоваскуларен и респираторен систем можеби нема да можат да го издржат лошиот квалитет на воздухот и топлината, како некој друг што е помлад без толку многу здравствени проблеми“, изјави Нелима Тумала, лекар за ОРЛ.
Многу настани на отворено беа откажани. Официјалните лица апелираат луѓето да останат во затворен простор.
