Обвинителството покрена истрага за загадувањето на водата за пиење во Гостивар
Инспектори од надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по насоки на јавен обвинител од ОЈО Гостивар, презеле итни активности во село Вруток поради сомневање за загадување на водата за снабдување на Гостивар.

Според СВР Тетово, постојат сомненија дека ЈП „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито со отпадни води преку кои вода била вбризгувана во главниот водоводен цевковод, најверојатно со цел зголемување на притисокот во мрежата поради недостиг на вода. Случајот се расчистува поради сомнение за кривично дело „загадување на вода за пиење“ по член 219 од Кривичниот законик.
Во истрагата се вклучени полицијата, Обвинителството, Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за животна средина и лиценциран вештак за стручна процена на системот.