Обвинувањата на Трамп за Кина се невистини
САД и Кина, со обвинувања за нелегално добивање на 220 милиони записи од гласачи од САД. Според демократите во претставничкиот дом, Трамп е „оној што го разгорува пламенот на теориите на заговор“.

Кина ги отфрли како „неосновани и чисти измислици“ изјавите на Трамп, кој во своето обраќање до нацијата повторно ги покрена обвинувањата за мешање во претседателските избори во САД во 2020 година.
„Ние немаме интерес да се мешаме во изборите во САД и никогаш не сме го сториле тоа. Ги повикуваме сад да размислат за своите постапки, да престанат да изнесуваат неосновани обвинувања, да се воздржат од „користење“ на кина како политичко прашање на своите избори и да направат повеќе за унапредување на односите меѓу кина и сад“, изјави Лин Џијан – портпарол на МНР на Кина.
Кратко пред претстојните конгресни избори, Трамп го обвини Пекинг за нелегално добивање 220 милиони записи од гласачи во САД, вклучувајќи имиња, адреси и други информации што се користат за регистрација за гласање, и за обид за „местење“ на гласачките ливчиња во корист на Џо Бајден.
„Кина извршила најголемо компромитирање на изборни податоци во историјата. Кинеската влада сакаше јас да ги загубам изборите, затоа што знаеја дека сум мудар, им наплатив милијарди долари царини и изградив најсилна војска насекаде во светот. Нашата цел со откривањето на овие информации не е да ја ослабнеме довербата во изборите, туку да ја заработиме истата“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
Според демократите во претставничкиот дом, Трамп е „оној што го разгорува пламенот на теориите на заговор“, наместо да биде фокусиран на подобрување на животот на американскиот народ.
„Нешто навистина не е во ред со овој човек. Зошто продолжува да се фокусира на теорија на заговор поврзана со претседателските избори во 2020 година, за кои секој рационален човек во сад знае дека ги изгубил? И сепак, наместо да се фокусира на намалување на високите трошоци за живот во економија, Доналд Трамп продолжува да шири теории на заговор за избори“, изјави пратеник Хаким Џефрис – лидер на демократите во претставничкиот дом.
Досега се покренати повеќе од 60 тужби и не е откриена никаква измама што можела да го промени исходот од изборите. Дури и во рамки на администрацијата на Трамп, официјалните лица постојано ги негираат обвинувањата.
Катерина Бојаџиева
