Украина

Порошенко нареди владата да се подготви за затворање на границата со Русија

25.09.2014 17:24

Украинскиот претседател Порошенко со декрет и наложи на владата да се подготви за евентуално привремено затворање на 2 илјади и 300 километри долгата граница со Русија.

Објаснува дека целта е Украина да ја зацврсти својата одбрана и да го спречи руското мешање. Сепак, Порошенко оцени дека најопасниот дел од конфликтот на истокот завршил и дека неговиот мировен план функционира. Русија повеќепати ги отфрли тврдењата на западот дека ги вооружува бунтовниците.