Битола

Се санира штетата во Битола по вчерашното невреме

17.07.2026 16:32

По целоноќното расчистување на градот, екипи на јавните комунални претпријатија и денеска работат на терен на расчистување на одводните шахти, испумпување на водата од куќите и од дворовите. Во населбата Бајро е најлоша сликата на терен каде што дождот раскопа и цели улици...

Поплавени домови, подруми, гаражи, дворови. Ваква беше сликата по синоќешните обилни поројни дождови во Битола.

Според УХМР за само еден час наврнале 28 литри на метар квадратен.

По целоноќното расчистување на градот, екипи на јавните комунални претпријатија и денеска работат на терен на расчистување на одводните шахти, испумпување на водата од куќите и од дворовите. Во населбата Бајро е најлоша сликата на терен каде што дождот раскопа и цели улици.

При чистење на канализациониот систем од него се вадат од пластични шишиња до непотребни теписони и разна покуќнина. Од ЈКП „Нискоградба“ апелираат и на поголема совесност кај локалното население при делување во околината.

РЦУК Битола известува: Во моментот состојбата е смирена дожд не врне и водата се повлекува во одводните канали.

 

Ружица Аџикотарева Ѓоршевска