Македонија

Високите температури причина за труење со храна

17.07.2026 17:43

Мора да се внимава особено во овие летни денови како со консумацијата на храна и пијалаци...

Жешкото време не го зголемува ризикот само од топлотни бранови, туку и од труење со храна што се чува несоодветно. Сендвичи што со часови стојат на топло, месо приготвено на скара на отворено или оброци оставени надвор од фрижидер – сè почесто завршуваа со труење. Лекарите предупредуваат во летниот период, бактериите побрзо се размножуваат, советуваат пред консумирање храната добро се измие и соодветно да се подготви.

„Да се внимава да не се купува секаква храна, како сендвичи, месо, производи кои лесно можат да се расипат и по консумирање да се појават бактерии коишто можат да бидат од витален карактер. Таа да биде термички обработена храна, добро измиена храна и што повеќе течности да се пијат, водоснабдувањето да биде правилно и да се мијат рацете“, изјави проф. д-р Соња Бојаџиева – Клиника за детски болести.

Од труењето со храна на удар се сите, но најранливи се децата кај кои дехидратацијата може многу брзо да настапи и да предизвика компликации. На Детската клиника засега нема случаи на труење со храна, но лекарите предупредуваат дека со високите температури ризикот се зголемува.

„Посебен жар се децата до една година, доенчињата особено првите шест месеци од раѓањето кога многу брзо можат да дехидрираат. Клиничката слика може многу брзо да е влоши и поради тоа апелираме тие што ги дојдат да продолжат со доење, понатаму да се редехидрираат и што повеќе течности да примаат“, изјави проф. д-р Соња Бојаџиева – Клиника за детски болести.

Најчест причинител за труење со храна е бактеријата салмонела е една од најчестите бактерии што предизвикуваат труење со храна. Повраќање, дијареја, покачена температура, стомачни болки се најчестите симптоми.

Андријана Ѓурческа