изборен законик

Власта и опозицијата сè уште со меѓусебни обвинувања за измените за Изборниот законик

17.07.2026 17:19

Нема нов Изборен законик. Вината за ова се префрла како фудбалска топка. И денеска партиски реакции за неисполнување на 10-тата точка од реформската агенда.

Партиите си ја префрлаат топката кој е виновен што измените на Изборниот законик не добија зелено светло во Собранието и земјата изгуби 4, 2 милиони евра од реформската агенда. Од ВМРО-ДПМНЕ прстот го вперија во опозициските партии. Обвинија дека и покрај тоа што ветиле оти ќе ги прифатат сите предлози на СДСМ, ДУИ и „Левица“ тие го минирале процесот и ги одбиле препораките на ОБСЕ ОДИХР. Вистината е поинаква возвратија социјалдемократите.

Според партијата на Филипче, ВМРО ДПМНЕ бара алиби за неуспехот, сакаат да протуркаат изборен грабеж.

Се по извесно е дека до септември измените на изборниот законик ќе останат во втор план. Не е на повидок ниту нова средба ниту нови разговори меѓу партиите. „Левица“ не се откажува од процесот, Борислав Крмов за МТВ дециден дека треба да се постигне консензус за изборните правила.

Измените требаше да се донесат до 15 јули, рокот е пробиен напредок нема. Начелно партиите постигнаа договор за една изборна единица и финансирањето, но камен на сопнување остана гласањето на дијаспората.

Викторија Милевска