Британец нападнал инспектори на УЈП кај Куклица, обвинителството бара притвор
Двајцата даночни контролори вршеле надзор по претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност. Полициски службеници од Кратово го лишиле од слобода човекот, кој е британски државјанин.

41 годишен маж од локалитетот Куклица нападнал инспектори на Управата за јавни приходи, фрлал со камења кон нив и службеното возило. Двајцата даночни контролори вршеле надзор по претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност. Полициски службеници од Кратово го лишиле од слобода човекот, кој е британски државјанин.
Основното јавно обвинителство веднаш поведе постапка и побара притвор. И жената неодамна доби нова пријава, откако и покрај забрана за посета на локалитетот, таа била затекната кај заштитениот споменик на природата.
Против неа веќе се водат одделни судски постапки со кои, треба да се утврди дали со години го узурпирала просторот и неовластено барала пари за влез. Постапка за враќање на локалитетот поведе и Општина Кратово.
