МВР

Лишен од слобода велешанец, возел мотоцикл на игралиште во Велес, мотоциклот е одземен

17.07.2026 20:10

Вчера во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки...

Вчера во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки, соопштија од МВР.

По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување.

За настанот е известен јавен обвинител, а мотоциклот е одземен и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.