Прилеп

Почнува големата летна манифестација „Пивофест“

17.07.2026 18:19

Од денеска до недела Прилеп очекува илјадници гости и посетители од земјава и странство. Почнува големата летна манифестација „Пивофест“ која ќе понуди весела атмосфера и голема летна забава, а за градот економски и туристички бенефит...

Од денеска до недела Прилеп очекува илјадници гости и посетители од земјава и странство. Почнува големата летна манифестација „Пивофест“ која ќе понуди весела атмосфера и голема летна забава, а за градот економски и туристички бенефит.

Весела летна фестивалска атмосфера, вкусна скара, познат пенлив пијалак ќе им понуди на илјадниците посетители 23-то издание на големата манифестација „Пивофест“ во Прилеп. Се е подготвено за вечерашниот почеток на големото летно дружење во градот.

Прилепчани се горди на фестивалот кој им ги носи роднините и пријателите нагости.

Локалните власти очекуваат голем туристички и економски бенефит од фестивалот.

Елизабета Митреска