Тилев: Македонија да се фокусира на уставните измени, дијалогот со Бугарија и лобирање во Брисел
Во исчекување на извештајот за новиот пристап кон проширувањето кој Европската Комисија, Македонија да се фокусира на уставните измени, дијалогот со Бугарија и лобирање во Брисел, порачува експертот за евроинтеграции, Драган Тилев...

Македонија да се фокусира на уставните измени, дијалогот со Бугарија и лобирање во Брисел, во исчекување на извештајот за новиот пристап кон проширувањето кој Европската Комисија би требало да го објави на 30-ти септември, порачува експертот за евроинтеграции, Драган Тилев.
„Ние не бараме некој да ни го гарантира идентитетот кој е дел од нас, туку дека пристапните преговори ќе се засноваат на правото на ЕУ и исполнувањето на Копенхашките критериуми, а не на билатерални прашања кои имаат допирни точки со нашите идентитетски прашања“, порачува тој.
Тилев не го исклучува ризикот од нов застој во преговорите, иако интензивно се работи на надминување на горливите прашања. Смета дека сепак ЕУ треба да постави бариери кој нема да дозволат идентитетските прашања да бидат дел од преговорите.
По објавувањето на извештајот за новиот модел на пристап кон проширување од страна на Европската комисија, ќе се разгледува и во Европскиот совет.
Александра Велинова
