Здравство

Финансирањето на матичните лекари останува проблем бидејќи е-системот кој се базира на број на пациенти е неодржлив

17.07.2026 17:29

Матичните лекари се соочуваат со сериозни проблеми, особено во делот на капитацијата. Сегашниот модел што се базира на број на пациенти не е оддржив, вели претседателот на Здружението на матични лекари Ѓорѓиевски...

Финансирањето на матичните лекари останува проблем бидејќи е систем кој е донесен пред 20 години. Докторка од Лозово мора да го отпушти вториот тим поради малку пациенти. Драган Ѓорѓиевски, претседателот на Здружението на матични лекари по семејна медицина вели, млади се иселуваат, старите пациенти умираат, месечно по неколку, сегашниот модел што се базира на број на пациенти е неодржлив. Лекарите бараат загарантирана сума за тим лекар-сестра што ќе ја добиваат од здравствената каса, плус ќе земаат кој колку пациенти има.

Малкуте термини за специјалистички прегледи мака и за пациентите и за лекарите, а отвора можност и за корупција. За електронско здравство слушаме со години, но во практика матичните сè уште водат двојна евиденција.

Имаме многу пациенти со кардиоваскуларни заболувања, онколошки пациенти, со дијабетес, хипотироза, мора да се работи на превенција, вели доктор Ѓорѓиевски.

Ова се дел од предизвиците во примарното здравство. Очекувањата на сите се големи, но и потребите од промени се големи. Новиот министер ќе мора да ги реши проблемите кои што остана од неговите претходници, а ќе мора да ги решава и ново настаните.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски