МВР

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница

17.07.2026 20:53

Двете возила се одземени за понатамошна постапка, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок...

Денеска (17.07.2026) околу 08:00 часот, полициските службеници од РЦГР Север, постапувајќи согласно Оперативниот план за спречување на криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Танушевци, поточно на граничната линија помеѓу с. Танушевци и с. Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности за запирање на возилата и легитимирање на лицата, по што од слобода е лишен А.А. (43) од Скопје, кој го управувал возилото „пежо“, додека возачот со возилото „фолксваген“ се дал во бегство на косовска територија. Воспоставена е координација со припадници на косовската полиција-Task Force, кои презеле мерки за негово запирање, при што возилото излетало од патот.

Двете возила се одземени за понатамошна постапка, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.