Временска прогноза

Сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи

18.07.2026 08:56

Сончево и многу топло време најавуваат за денеска метеоролозите. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност...

Сончево и многу топло време најавуваат за денеска метеоролозите. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови, на некои места ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе биде од 13 до 21 Целзиусов степени, а дневната ќе се движи во интервал од 31 до 39 степени.

Во Скопје, денеска ќе има сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 18 степени наутро до 38 во текот на денот.