Селекторот Ристо Магдинчев, го објави поширокиот список
Октомври ќе биде месецот на дамите. Нашата женска „а“ селекција, на 9-ти ќе го почне квалификацискиот циклус, за СП 2015.
Првиот тест за нашите девојки е аутсајдерот во групата, Италија. Првот меч се игра во Скопје на 9-ти октомври, а гостуваме три дена подоцна. Главната битка ќе се води во декември, против Исланд за првата позиција во групата и за место во јунскиот бараж.

Во составот се враќа Марија Штериова, поранешната ракометарка на Вардар, која сезонава ќе игра во унгарскиот Вац. Нема други големи промени, освен што на пикер ја нема Наташа Младеновска Ѓорѓевиќ.