Видео надзор и казни за палење на дивите депонии
Пожарите на дивите депонии во струмичко најголем проблем за институциите. Седнаа на заедничка маса да најдат начин и модел како да ги спречат. Видеонадзор, контрола и казни беа препораките при што побараа од општините од струмичко и за соодветно управување со депониите.

Поставување видеонадзор на локации каде има диви депонии, зачестена контрола од страна на полицијата но и контрола со дронови. Ова се дел од препораките на Локалниот совет за превенција за спречување на пожарите на депонии во струмичко. Струмичките пожарникари дури посочија кои се критичните локации
Казни мора да има беше дециден Митко Димчев од Дирекцијата за заштита и спасување. Како конкретен пример го посочи Радовиш каде пожарникарите при појава на чад вршат мониторинг на локациите со дронови
Со оглед дека најголемиот дел од пожарите во струмичко потекнуваат од дивите депонии, се побара општините или да ги дислоцираат или насипуваат со слој земја.
Од СВР Струмица побараа поголема координација и преземање на конкретни чекори на секоја институција во делот на превенцијата но и спречување да се создаваат диви депонии.
Општинските комунални инспектори деновиве открија три лица со две товарни возила со стари електрични уреди. Имале намера да вршат екстракција на метали при што создале нова депонија со полиуретанска пена.
Ване Трајков
