Кочани

Денеска во Кочани 47. Марш за ангелите – се бара вистинска правда

18.07.2026 10:21

Денеска 47-ми Марш на ангелите, ќе се одржи во 18:05 минути во Паркот на револуцијата – Кочани.

Денеска 47-ми Марш на ангелите, ќе се одржи во 18:05 минути во Паркот на револуцијата – Кочани.

Од Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ во најавата потсетија на истите барања. Како што посочуваат за нив, секое рочиште отвора нова болка, секој нов доказ открива нови пропусти.

Порачуваат, само со одговорност, со институции што ќе постапуваат и со јасна порака дека човечкиот живот е над профитот, функцијата и интересот, може да се спречи утре да се повтори истата трагедија. Велат, 63 животи не се статистика, правдата не се бара еднаш — туку сè додека не биде исполнета.