Русија и Украина продолжуваат со меѓусебните напади
Русија не се откажала од намерата да заземе дополнителна украинска територија и да формира таканаречена тампон-зона на северот од земјата, велат украинските власти. Војната продолжува...

Русија не се откажала од намерата да заземе дополнителна украинска територија и да формира таканаречена тампон-зона на северот од земјата, велат украинските власти.
Војната продолжува. Над 370 дронови биле упатени кон Московскиот регион, од кои повеќето се пресретнати на периферијата. Руските трупи извршија ракетен напад врз пристанишната инфраструктура на регионот Одеса.
Во исто време, Украина ја продолжи реконструкцијата на владата, која наиде на незадоволство кај граѓаните. Одлуката на украинскиот претседател Зеленски да го разреши министерот за одбрана Федоров наиде на негодување и од страна на Германија.
Федералната влада бара да се изврши притисок врз Киев за враќање на поранешниот министер.
