Дипломатија
Муцунски на средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау
18.07.2026 12:26
Одбраната и сојузништвото во НАТО, економијата, енергетиката и регионалната поврзаност биле главните теми на средбата во Стејт департментот...

Во Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски имаше работна средба со американскиот заменик-државен секретар Кристофер Ландау. Одбраната и сојузништвото во НАТО, економијата, енергетиката и регионалната поврзаност биле главните теми на средбата во Стејт департментот.
Според објавената информација на Фејсбук-профилот на македонскиот министер, Муцунски и американскиот заменик-државен секретар разговарале и за состојбите во регионот и ангажманот на сад за мирот, безбедноста и просперитетот на Западен Балкан.
