Политика

Mицкоски: Судиите и обвинителите да испорачаат правда, повеќе пари нема да добијат

18.07.2026 17:57

Судиите и обвинителите да испорачаат правда, повеќе пари нема да добијат, независноста со нив не се обезбедува, порача премиерот Мицкоски. Европската комисија нотира притисок на власта врз судството и раширена корупција – велат од СДСМ.

Не е одличен, но од сите досегашни извештаи на Европската комисија за состојбите во правосудството е најдобар – констатира премиерот Мицкоски за извештајот на Европската комисија за состојбите во правосудството.

Покрај нотираните позитивни оценки, има и критики за констатиран притисок од политичари врз судии и обвинители, но и потребите за повеќе пари за обвинителството и судството. Мицкоски вели, нема да добијат, ги повика да покажат поголема ефикасност

Катастрофалниот извештај на Европската комисија за владеењето на правото е најсилната потврда дека правосудниот систем во државата е под сериозен политички притисок од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски – велат во СДСМ. Европската комисија во извештајот јасно нотира мешање во судството и обвинителството, отсуство на реформи, широко распространета корупција и проблематични јавни набавки.

И додека СДСМ смета дека сето кажано не случајно и претставува систематска политика на контрола врз институциите од страна на власта, премиерот Мицкоски посочува дека и граѓаните не се задоволни од испораката на правдата, па затоа и тој ќе продолжи да го критикува правосудниот систем.

Миле А. Ристески