Премиерот најави намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива
В понеделник со новата одлука на Регулаторната комисија се очекува ново поскапување на нафтените деривати по нестабилноста на Блискиот Исток. Премиерот потврди дека ќе има намалување на акцизите на дизелот и на бензините, не прецизираше кога Владата ќе ја донесе одлуката за брза интервенција од ценовни шокови. Од СДСМ предупредуваат на нови поскапувања. А експертите сугерираат, ако има мерки, да не бидат агетирани, да важат за сите.

Ќе се намалат акцизите за дизелот и безоловното гориво по драматичниот раст на цените неделава како резултат по обновените конфликти на Блискиот Исток – најавува премиерот. Се прави калкулацијата. Владата ја продолжи кризната состојба.
Од опозицијата пак предупредуваат дека поскапувањето на горивата ќе предизвика зголемување на цените на сите производи. Велат, потребно е воведување на таргетирани мерки.
Со намалување на ДДВ и акцизите за горивата можеме да ги ублажиме последиците од геополитичките случувања, но не и да ги спречиме, бидејќи не зависат од нас-вели професорот Чаушевски. Ако се носат мерки за заштита на стандардот на граѓаните, треба да важат за сите, а не таргетирани-додава тој.
Ормутскиот теснец веќе една недела е целосно блокиран при што цената на нафтата се искачи на над 80 долари за барел.
На домашниот пазар ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 87 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98: е 89 денари/литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), 88 денари/литар.
Александра Велинова
