Туризам

Се полнат сместувачките капацитети во Дојран

19.07.2026 18:56

Почнаа да се полнат сместувачките капацитети во Дојран. Ниските цени, добрата локална кујна уредените плажи и културната програма се адути на Дојран за ова туристичка сезона...

Се полнат сместувачките капацитети во Дојран. Гости од земјава но и транзитни туристи од Србија уживаат покрај Дојранското крајбрежје. Најмногу ги има преку викендите. Сметаат дека Дојран може да биде идеално место за одмор.

Сите плажи се уредени. Од општината најавуваат и богато културно забавно лето како дополнителен адут за престој покрај ниските прифатливи цени за оваа туристичко место.

Шпицот со туристи во Дојран допрва се очекува кога ќе почнат да цутат и алгите.

Ване Трајков