Адреналински и екотуризам на Пелистер
На Пелистер се повеќе млади се одлучуваат на кампување, еко туризам и адреналински спорт. Според туристите недостигаат сместувачки капацитети во и околу Национален парк „Пелистер“ за ваков тип туризам...

Ако некогаш се водевме по позната „во здраво тело-здрав дух“, сега веќе е јасно дека кога го јакнеме духовното здравје преку природата, ќе го имаме и физичкото. Од кампувањето на Пелистер, еко активниот туризам и од адреналинскиот парк беа дел млади домашни и странски туристи.
Кампот за деца, за девојки, а потоа и за момчиња се дел од младинската национална програма за личен развој.
Според туристите недостигаат сместувачки капацитети во и околу Национален парк „Пелистер“ за ваков тип туризам, па преку камперството се надополнуваат желбите на посетителите да се биде во единство со природата.
Адреналин, чист воздух и социјализација. Одберете дружба со природата место со виртуелниот свет.
Ружица Ѓоршевска
