Временска прогноза
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
19.07.2026 09:02
Македонија денес ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса, со сончево и многу топло време и максимални температури од 34 до 40 степени

Македонија денес ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса, со сончево и многу топло време и максимални температури од 34 до 40 степени. Во попладневните часови, особено во западните и планинските делови, ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје ќе биде претежно сончево и многу топло, со температура до околу 40 степени, а кон крајот на денот постои мала можност за краткотраен локален дожд и грмежи.
