Руско - украински конфликт

Киев повторно под жесток удар на руски балистички ракети, има загинати и повредени

19.07.2026 10:40

Едно лице е убиено, а осуммина други се повредени во руски напад врз Киев во текот на ноќта со балистички ракети...

Едно лице е убиено, а осуммина други се повредени во руски напад врз Киев во текот на ноќта со балистички ракети. Украинскиот претседател Зеленски потврди дека вчера нападнале руска логистика и објекти за производство на оружје во голема операција и вети дека ќе следат уште напади. Руски официјални лица изјавија дека во нападите загинале девет лица, а повеќе од 80 биле ранети.

„Успешно беа погодени цели во близина на Москва, како и во регионот Тамбов. Тоа беа елементи на руската логистика, вклучувајќи магацини што снабдуваа опрема за војната, системи за навигација, компоненти за производство на беспилотни летала и други материјали за руската војска. Украинското оружје, исто така, погоди уште еден нафтен објект и цели во водите на Азовско и Црно Море. Ова беше важна операција. Ќе има уште. Ќе имаме повеќе можности за напади од среден дострел“, изјави Зеленски.

Зеленски, исто така, за првпат се осврна на протестите против владината реконструкција и разрешувањето на министерот за одбрана Федоров, која откри длабока поделба меѓу старата гарда на војската и помладите околу тоа како да се води војната. Илјадници луѓе излегоа на улиците во Киев трет ден по ред.